„Ривер Софт Компјутери“ подготви интересно изненадување за своите фанови на социјалната мрежа „
Фејсбук“. Тие штотуку го почнаа наградниот натпревар, преку кој на интерактивен начин, низ игра и забава, учесниците се борат за вредниот фонд што се состои од 124 интересни подароци! Натпреварот почнува на 20.02.2012 часот во 14 часот и ќе трае до 16 часот на 30.03.2012 година.
Идејата на играта е забава за сите учесници кои ќе станат дел од неа, а организаторот ќе подели голем број на интересни награди. Апликацијата се состои од вкупно 59 нивоа. Секој учесник кој ќе почне со игра, потребно е да ги разместува кутиите до полињата означени за нивно позиционирање, со цел да го помине тоа ниво. Откако успешно ќе го заврши нивото што го игра, преминува на следното, што е за нијанса понапредно, па со тоа и потешко од претходното.
Најбрзите тројца учесници кои успешно ќе ги поминат сите нивоа добиваат подарок од „
Ривер Софт Компјутери“. Подароците се следните: тројцата најуспешни си заминуваат дома со главните награди: XBOX 360 Kinect 4GB, кој го подаруваме заедно со две игри Kinect Adventures и Carnival Adventures, TV BOSSE 21" 2139 Slim и HDD FREECOM 500GB External 2.5" XXS USB. Останува уште 121 интересен подарок, и тоа:
- 3 x TV/FM Card MyGica UTV3 USB
- 3 x ONE PRIPAID Package ALCATEL OT305
- 10 x USB 4GB Patriot X-Porter
- 15 x игра за персонален компјутер по избор од лагер
- 20 x Mouse Delux Optical USB
- 20 x полнење тонер
- 50 x 5 отсто попуст
Како да добиете шанса да бидете во стоте среќни добитници? Посетете ја фан-страницата на „
Ривер Софт Компјутери“ на „Фејсбук“ и почнете со натпреварот! Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија, постари од 13 години, кои имаат корисничка сметка на „Фејсбук“ и се фанови на „Ривер Софт Компјутери“. Секако, за да се осигури фер натпревар и поголемо уживање во играта, сите натпреварувачи треба да ги прочитаат и да се согласат со
правилата за учество. Важно е да се има ова на ум, бидејќи организаторот има овластување да го дисквалификува секој учесник за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации се конечни.
Листата со име и презиме на победниците во играта ќе биде објавено на истата страница на 02.04.2012 година, во 14 часот. Победниците ќе бидат контактирани за подароците преку е-пошта или, пак, преку телефонски повик. Важно е да се запомни дека подароците не можат да се заменуваат за парични средства и треба да се подигнат во рок од 30 дена.
Повеќе содржини од „Многу Пари“ од денеска – ТУКА.