„Треба да имаш добра локација кај ќе седнеш, а ако можеш да одиш заработуваш и двојно“.
„Земете нешто во што ќе ви ставаат пари: чаша, шешир, куфер за гитара... Редовно празнете ги за луѓето (и муштериите и потенцијалните крадци) да не можат да видат колку, всушност, заработувате“.
Тажната и изнемоштена бабичка која е седната покрај излогот на „Ајриш паб“ дневно може да заработи и по 4.000 ден. Ова го кажуваат келнерите од ова кафуле кој по цел ден стојат и слушаат секакви приказни. На бабата најмногу ѝ се посреќува кога во истово кафуле има странски гости, кои, се разбира, се и најдарежливи, па бабата може да си оди дома со дневна заработка и од 4.000 денари. „Бабата пред ’Ајриш паб’ дневно печалеше и по 4.000 денари, еднаш ми кажа дека од питачење во банка има 60.000 орочени евра, супер работа“.
Истражувањата покажуваат суми што често се над просекот на еден вработен. Нивните месечни примања се изедначуваат со платите на менаџерите од пониските нивоа. Ако на секои пет минути еден просечен питач добива по десет денари, а ако седи по осум часа дневно, тогаш ќе си оди дома со 1.000 денари, што значи и месечна заработка од 30.000 денари, а оваа сума е над просечната плата во Македонија.
Келнер во Старата скопска чаршија вели дека постојано ги гледа питачите како купуваат сендвичи, сокови и слатки, а дома си одат со такси. Не била ретка ниту појавата кога познатата реченица: „Дај ми некој денар, Господ здравје да ти даде“, им била прекинувана од ѕвонењето на нивните мобилни телефони.
Тие што шетаат наоколу собираат повеќе отколку оние што седат во едно место, а децата се убедливо најдобри, со нивните методи да се закачат за нечија нога, да се заканат дека ќе Ве плукнат или да ви го грабнат штотуку купениот појадок се толку наметливи за некој да им дадете 10-20 денари само за да се откачи. Но, тие секогаш се организирани од некој што постојано ги набљудува, па така, можете Вие да заработите и ќотек од контролорите на децата.
Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на детето на ООН. Според тоа, во Македонија на секое дете му се признава правото за заштита од економска експлоатација и работа врз дејности што му го попречуваат образованието или му пречат во психофизичкиот развој. МВР и Министерството за труд и социјална политика е вклучено во спречување на питачењето, пред сè, преку активностите за да се згрижат децата на улица и бездомниците, кои најчесто заработуваат на овој начин. Во дневните центри за деца на улица се евидентирани 400 деца, а во прифатилиштето за бездомни лица во Чичино Село се регистрирани 120 корисници. Тие доаѓаат секое утро во осум часот, а си одат во 16 часот. Јанкуловска е задоволна од тоа како се спроведува акцијата „Питачење“ и од тоа што децата конечно се сместени во дневни центри, каде што ќе можат да учат и каде ги имаат сите услови за воспитување.
Глобален пазар.
Питачи во Љубљана заработуваат по 300 евра
Во словенечката престолнина Љубљана, од новите членки на ЕУ, Бугарија и Романија, секојдневно, со автобуси доаѓаат организирани групи на питачи, кои заработуваат по 300 евра дневно што на нивните „газди“ им носи по околу 10.000 неоданочен профит, тврди лидерот на тамошните ултранационалисти Змаго Јелинчич.
САД
„Несреќна девојка“ којашто просела пари „за да може да си купи билет и да се врати дома“. Процениле дека таа од тоа заработувала 27.000 долари годишно. Колку за споредба, почетната плата на кредитен аналитичар со диплома е точно 27.000 долари годишно.
Кус беј, ОрегонПолицијата го истражила случајот и открила дека не се работи за бездомници, туку дека си имаат сосема пристојни домови. Се работело само за тоа дека луѓето си избрале професија и си ја работеле сосема професионално.
ТехеранДневно заработуваат околу 500.000 реали (околу 50 долари), што на месечно ниво изнесува 15 милини реали или 1.500 долари“, објави новинската агенција „Мехр“, повикувајќи се на официјални податоци од социјалната служба на иранската престолнина. Минималната плата во Иран изнесува околу 300 долари.
Околу 3.000 романски малолетници се користат за проституција и питачење во Франција, изјавил државниот секретар во Министерството за европски прашања, Пјер Лелуш.
Колку сме дарежливи ние?
„Во Велес, пазарен ден, на мало мовче седнато девојче на 15-тина години и проси. До него помало, девојчево јаде лепиња, а помалово јаде бурек и бараат пари? Ова ми е нешто незамисливо, кога можат тие сто денари да фрлат за едно јадење зошто јас да им давам пари“.
„Најмногу пари што имам дадено на питач се сто денари. Да, се влечкаше со стапче и просеше од човек на човек. Облека – искината, брада – неизбричена. Неколку минути подоцна влезе во истото комбе со мене и си слезе во Охрид каде што јадеше хамбургер“.
„Ми се има случено, кога пазарував во еден маркет близу една од поголемите раскрсници, пред мене на каса имаше едно Циганче што ги крупнеше парите што ги собрало со питање, и гледам, продавачката му дава илјадарка. Па, значи повеќе се исплаќа да застанеш на улица и да питаш отколку да ’рмбаш цел ден, да речеме, како келнер за триста и педесет денари дневница“.
„Седам и си јадам сендвич и доаѓа еден човек, ми дава картичка... се зачудив... и читам, нешто пишува – помогнете, глувонем, ова-она... побарав по џебовите и не најдов ситно, немав... замина 2-3 метри и намерно му викнав, ееееј! еве, најдов... веднаш се сврте, ама како слушна сè уште не знам... и се разбира, не му дадов... а ретко кога давам... Интуиција е тоа“.
„Ако погледнете како ги трошат, ние сме сиромашни за нив“.Се разбира, питачењето не е за секого и тоа не е нешто со што би можеле да се пофалите на годишнината од вашата матура.
Но, знаете ли што ќе направи да се чувствувате подобро? Илјада денари дневно!