Финансиски гуру
Пари
Beta
сабота, 19 мај 2012, Година III
Прочитано 368 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Туристичкиот производ на земјата - огледало на нацијата

На светот му се случува туризам. Под влијание на општатa глобализација, денес светот живее во движење, па туризмот станува најразвиена светска индустрија, како последица на секојдневно сè поголемите и поиздиференцирани потреби и желби на туристите. Туризмот е индустрија на луѓето, каде што во средиште на случувањето е човекот, од една страна како корисник на услугите, од друга страна како давател на услугите. Во таа смисла, човекот е двигател на индустријата наречена туризам. Во туризмот сè е подредено на човекот, сè е насочено кон создавање производ и услуга по мерка на човекот.

Да не постоеше, требаше да го измислиме туризмот во нашата земја. Зошто?
• Затоа што не само што нè поврзува со целиот свет, туку светот го носи кај нас.
• Затоа што на домашен терен го извезуваме најдоброто од земјата (културното наследство) без кога било да го потрошиме и отуѓиме.
• Затоа што материјалниот и нематеријалниот облик на производот/услугата на нашата понуда ја чинат компоненти од домашно потекло.
• Затоа што, исполнувајќи ги потребите на туристите, ја остваруваме сопствената економската цел.
• Затоа што притоа не сме условени од визен режим, политика, од дозволи за извоз.
• Затоа што отвораме простор за влез на бројни чинители во конфигурирање на националниот туристички производ.
• Затоа што туризмот како дејност апсорбира бројна и хетероградна структура на кадри.
• Затоа што иницираме прогрес во образование на стручни кадри за дејноста.
• Затоа што, градејќи и реализирајќи автентичен туристички производ со одлика на квалитет со меѓународно прифатливо ниво, обезбедуваме конкурентна позиција на меѓународниот туристички пазар и во најдобра светлина ја промовираме својата земја во светот.

Како нужна последица на задоволување на примарните туристички потреби, што можат да опфаќаат различни мотиви за патување, се јавува потреба од егзистенцијален карактер (сместување и исхрана), чиешто задоволување го обезбедува хотелиерството како дејност.

Туризмот – индустрија на слободно време на луѓето
Според ефектите што се остваруваат во туризмот во светски рамки, туризмот зазема респектирачко место. Современите сфаќања за стопанското и севкупното значење на туризмот одделни теоретичари го именуваат како индустрија на слободно време. Ниту една друга стопанска дејност не е толку масовно распространета и застапена во целиот свет како угостителството, што ја чини материјалната основа на туризмот. Масовната застапеност на угостителската дејност во светот како одредувачка компонента на туристичката понуда и сè поголемото слободно време на луѓето се фактори што упатуваат на понатамошен развој на дејноста и на сè поизострена конкуренција на туристичкиот пазар во иднина.

Првата економска дефиниција за туризмот ја дал Џозеф Страндерер во 1884 година. Според него, туризмот е стопанска дејност „што стекнува приход од промет од странци, во кој наместо производот да се транспортира до потрошувачот, потрошувачот доаѓа на местото на производството/услугите. Потрошувачот (туристот) поаѓа на пат поради тоа што добрата што сака да ги купи не се транспортираат“.
 

Повеќе содржини од „Многу Пари“ од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Видеопотсетник