Финансиски гуру
Пари
Beta
сабота, 19 мај 2012, Година III
Прочитано 184 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Новата година ќе донесе сè повеќе банкроти во Европа

На малите бизниси со повисока задолженост и неинвестициски рејтинг ќе им биде тешко да оперираат во услови на затегнато кредитирање, посочуваат експертите. Во новата година се очекува пораст на корпоративните банкроти во Европа, пишува „Фајненшал тајмс“. Весникот забележува дека намалувањето на позајмувањето на банките поради лошата економска клима ги притисна помалите и задолжените компании.

Аналитичарите велат дека се очекува растеж на банкротите кај европските компании со рејтинзи под инвестициската класа близу до она ниво на почетокот од кризата. Европските банки во моментот се соочуваат со сериозен предизвик од зголемување на нивната капитална адекватност, што води до намалување на нивните кредитни портфолија, вели весникот.

Резултатите од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) потврдија дека позајмувањето нагло се затегнало во последните три месеца од минатата година. Повеќето банки велат дека овој тренд ќе продолжи во текот на оваа година. „На компаниите ќе им биде тешко да оперираат во слична макроекономска средина, а банките стануваат повнимателни при одлуката за тоа кого да го кредитираат“, изјави Питер Бригс од консултантската фирма „Алварез енд Марсал“.

Сепак, генерално гледано, бизнисот во Европа е во одлична форма по острото намалување на трошоците, се зголемија резервите на пари и се намали задолженоста од почетокот на кризата. Односот на нето-долгот кон заработката моментално е на неговото најниско ниво од почетокот на деведесеттите години од минатиот век, истакнуваат аналитичарите во „Морган Стенли“. Исто така, тие истакнуваат дека „малите компании се поранливи“.
 
Повеќе содржини од „Многу Пари“ од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
100%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Видеопотсетник