Од денеска, турскиот нискотарифен авиопревозник почнува да лета од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Истанбул и Измир. Билетот во еден правец чини 29,99 евра и во него се вклучени и аеродромските такси. Летови на линијата Скопје-Истанбул-Скопје ќе има секој вторник, четврток и недела, а додека од и до Измир ќе се лета во понеделник и петок.
„Пегасус ерлајнс“ постои уште од мај 1990 година и е во сопственост на холдингот „Есас“. Флотата на летала се состои од 28 „Боинг“ 737-800, по два „Боинг“ 737-500 и 737-400, а во иднина е планирано да се набават уште четириесетина летала од компанијата „Боинг“. Денес оперираат со повеќе од 100 различни дестинации во 17 земји, а седиштето им е на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“. Дел од тие дестинации се Амстердам, Берлин, Стокхолм, Бејрут, Милано, Брисел, Базел, Копенхаген, Диселдорф, Северен Кипар, Рим, Минхен, Париз, Лондон, Штутгарт, Виена и Цирих.
Билетите се достапни преку туристичките агенции, соработници на „Пегасус“, или директно преку нивниот сајт
www.flypgs.com.
Повеќе содржини од денеска – ТУКА.