Штом ќе се спомне „премиер“ првите асоцијации се обично „угледен“, „сериозен“ или „репрезентативен“. Меѓутоа штом ќе кажете премиер на Италија, тогаш првата и единствената асоцијација е Силвио Берлускони – човекот со сто лица! Зад неговиот мистериозен успех две децении да се опстане на самиот врв на една од највлијателните и најстарите држави на светот се кријат неколку тајни. Денеска ќе ви ги откриеме!
Роден е во дамнешната 1936 година во Милано, а со италијанската политичка сцена владее како премиер уште од 1994 година. Во пошироката јавност е познат како еден од најбескрупулозните и најскандалозните политичари на сите времиња. Постарите генерации ќе речат дека и неговите претходници не биле „цвеќиња за мирисање“, така што оваа традиција не нè чуди. Секојдневно го следат вести за секс-скандали и поврзаност со
мафијата.

Контакти
Силвио уште од почетокот се поврзал со вистинските луѓе – мафијата, Ватикан и големите светски играчи. Тој постојано се води од поговорката дека треба да ги држи пријателите блиску, а непријателите уште поблиску. Заради тоа често го гледаме со Путин, Медведев, Меркел и Обама, иако за германката не штедеше сочни пцости пред некое време.
Контрола
Кога си на ваква висока позиција мора да го знаеш и применуваш значењето на контролата и самоконтролата. За жал, Силвио би паднал на овој предмет на училиште бидејќи не му оди од рака да се контролира пред
убавите девојки. Ова е лекција што е корисна да се научи преку неговите грешки, со оглед на фактот дека тој неколкупати се
изгорел од нив.
Знаење
Против него се воделе дури 22 судски процеса, од кои неколку сеуште траат. Погодувате дека сите досегашни парници завршиле во негова корист поради тоа што немало доволно докази. Лесно е да се биде милионер чија вредност се проценува на 10 милијарди американски долари кога ја знаеш секоја дупка во законот на „чизмата“.
Внимавај што зборуваш
Уште една негова грешка од која може многу да се научи. Иако е политичар, тој во нивните кругови важи за голем комичар и за човек чии изјави во најмала рака се некоректни. Тој е недопирлив и бестрашен што му влева лажна надеж дека може да каже што сака, за кого сака. Се додека не реши да го нарече Обама „исончан“.
Кога си во Рим
Покрај бројните замерки кои ги има секој нормален човек кон оваа машина за
скандали, не може а да не му се оддаде признание за неговата харизма. Тајната е што тој може да се адаптира на секоја ситуација и на секое „друштво“. Италијанците важат за нација која е слична нашата – никогаш не е задоволна и постојано коментира, но очигледно е дека на Силвио му успеало да го искористи тој нивен менталитет.
Повеќе содржини од денеска – ТУКА. (Содржината не е лекторирана)