Прочитано 7573 пати 10 коментари
First category (entire audience)

Мобинг - вистина за која малку се говори

Мобингот е специфична форма на однесување со што се загрозува менталната или физичката состојба на работникот од страна на менаџментот или од другите вработени. Терминот „мобинг“ вклучува какви било малтретирања на работното место, сексуално, физичко или морално омаловажување, игнорирање, озборување... Причините за вакви лоши меѓучовечки односи и слабата комуникација може да се поради различна верска припадност, завист меѓу колегите, изживување врз вработените поради некои лични проблеми, несогласување во мислењата и многу други. Луѓето, пак, се подготвени на голема толеранција само за да го задржат своето работно место.

Истражувањата што беа спроведени во некои земји ги дадоа следните резултати:
- Во САД секој четврти работник е изложен на мобинг.
- Во Велика Британија секој осми работник.
- Во европските земји околу 15 отсто од вработените се изложени на мобинг.

Најголема изложеност на мобинг имаат вработените во државната управа и одбрана (14%), образованието и здравството (12%), а потоа следи хотелиерството (12%) итн. Во поголемиот дел од европските држави терминот „мобинг“ е особено познат, за разлика од кај нас, каде што ситуацијата е сосем поинаква. Во моментов единствена држава каде што мобингот се смета за криминал е Шведска.

Какви видови мобинг постојат?

Мобингот може да се подели на хоризонтален и вертикален. Хоризонталниот мобинг се јавува меѓу работниците кои се на иста положба во хиерархиската организациска структура, а е предизвикан поради чувството на завист, љубомора и желбата да се елиминира некој од колегите, бидејќи постои верување дека со тоа тие ќе напредуваат во кариерата. Вертикалниот мобинг се однесува на ситуации каде што претпоставениот злоупотребува еден или повеќе од подредените работници.

Кога се сомневате дека сте жртва на мобинг?

Чувствувате дека не можете да дојдете до збор од вашите колеги или од претпоставените. Постојано ве прекинуваат кога сакате да се изјасните. Тука станува збор за напад врз можноста за соодветна комуникација. Изолирани сте, никој не ви се обраќа, сите се однесуваат како да не постоите, ве оддалечуваат од вашите колеги, не сте поканети на заедничките состаноци и прослави. Во овој случај нападната е вашата можност за одржување на општествените односи. Сте слушнале глас за себе што е далеку од вистината и вашите колеги ви се смеат зад грб - вашиот углед е нападнат. Постојано ве навредуваат и се жалат на вас, го следат секој ваш чекор, ве казнуваат, не ви даваат работни задачи – го напаѓаат вашиот квалитет во работата. Вие не добивате пауза, ниту одмор. Некој се заканува дека ќе ве истепа. Сексуално сте злоупотребени. Со сето ова е нападнато вашето лично здравје.

Ако се пронајдовте во некоја од овие реченици, за жал вие сте жртва на мобинг. Пред да паднете во депресија и да се обезвреднувате себеси, обидете се да застанете цврсто на нозе и борете се против оваа ситуација. Бидете сигурни да имате докази за настанатото мобирање. Ако сте жртва на мобинг и сакате да ставите крај, контактирајте со некој од властите и некои организации што се занимаваат со овој проблем. Не дозволувајте никој на каков било начин да го загрозува вашето здравје или да ви ја разнишува самодовербата. Со среќа!

Повеќе содржини од денеска - ТУКА.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
20%
Депресивно
20%
Страшно
0%
Интригантно
40%
Брилијантно
20%
Нервира
marika
15.04.2011 17:50:00
Децки, фала богу што дојде и кај нас време јавно да се зборува за мобингот. Само ме цуди и плаши размилсувањето на претпоставувам, млади луге, од кои ги цитам кментариве, за мобингот како измама од политицари или од власта..... Па нели е срамота вакво размислување за сегашното пазарно опкрузување. Ке Ви препорацам една книга од Никола А Николов Најголениот Светски Заговор, процитајте и да видите кој денес и пред 500 год ни влеце конците во светската економија. Мобингот е нешто за што треба да се зборува гласно, јас лицно сметам дека многу од жртвите на мобинг всушност и дека не знаат дека се жртви, бидејки се залепени од големината на месецната надокнада или титулата на работното место..... Браво Нарциса ми се допага твојот став
Леон Ладич
11.04.2011 02:40:14
Stvarno ne mi e jasno kako ke dokazes deka si zrtva na mobing? Zatoa najdobro resenie si e SAM SVOJ GAZDA,sopstven biznis :)
Narcisa
31.03.2011 17:28:53
Razno, не велам дека државата е толку „фина“. Кажувам само дека пред да се појави терминот „мобинг“ многу малку се зборуваше за правата на работниците. Синдикатите беа едиствени, и пак кога ќе видиш и тие се со државата, влада или опозиција сеедно. И мене ми е чудна шемата, како би се докажал мобингот, и кој би бил тој што ќе пресуди, но дали според тебе би требало да не се превзема ништо и работниците да останате неми?
Razno
31.03.2011 17:23:24
Narcisa, екстремно е наивно да веруваш дека политичарите ти мислат добро. Ако овие закони се демек толку супер - зашто корпорациите, адвокатите и политичарите се тие кои најмногу ги подржуваат овие закони. Па ова е најдобра измама на векот. Ем носат закон против тебе, ем те убедуваат да мислиш дека е во твое добро. "со што се загрозува менталната состојба" --- КАКО КЕ ГО ДОЖЕШ ОВА - Ова не може да се измери, не може да се докаже и не може да пресуди ОБЈЕКТИВНО. Кој одлучува дали се случило? ДРЖАВЕН ЧИНОВНИК. Кај кого е моќта, кај работникот или кај државата? КАЈ ДРЖАВАТА... Таа ќе одлучува дали си бил ментално нарушен или не. Не биди наивна да мислиш дека ова дава моќ на вработениот. Дава моќ на ДРЖАВЕН чиновник кој е поставен НЕУСТАВНО од политичари. Кај кого е моќта. Дај размисли малку, не се лажи на финти.
Narcisa
31.03.2011 17:12:38
„Мобингот е специфична форма на однесување со што се загрозува менталната или физичката состојба на работникот од страна на менаџментот или од другите вработени.“ Тоа е мобинг! Не може да се измисли топла вода односно нова дефиниција. Дека е концепт измислен со намера, точно е. Дека постои ТОЧНО Е. И не е да се става во затвор кого сака државата или политичарите. Тоа и сега е така, тие го можат токму тоа. Работата е во гласот што ќе се крене против ова малтретирање и експолатација на работниците. А ние можеме да си го викаме мобинг или како сакаме тоа е наше. Концепт за контолирање и уценување или не, добро е што на некој му текна да го смисли. Е сега како да се справуваме со тоа е главното прашање.
Razno
31.03.2011 17:10:57
@Kiko Рече ""Vo odnos na temata, problem e sto mobingot tesko se dokazuva i sto poveketo ne se ni svesni deka se zrtvi na mobing " -- Тоа е целта... Вистинската причина позади овие закони се да АДВОКАТИТЕ и СУДИИТЕ се збогатат. Сегде у свет адвокатските комори ги буткаат овие закони. Целта е да висиш по судови и да се докажуваш дали имали или немало мобинг. На адвокатите им одговара дека имаат повеќе работа, а на властите затоа што им дава оправдание да имаат моќ во се повеќе сфери од животот. Мислите политичарите ги заболе за напатени работници? Жими таквото. Овие закони се во корист на адвокатите и моќниците.
Razno
31.03.2011 17:03:52
Нормално дека постои малтретирање soldier... Меѓутоа проблемот е тоа што ова е емоција и субјективно. Мобингот е концепт што го смисли NWO за да може да контролира и уценува фирми кои не им одговараат. Нема објективен начин да се измери емоција или лош однос. Целава идеја беше промовирана од моќно корпорации и адвокатски комори кои најмногу ќе се збогатат од целава идеја. МОМЕНТОТ штом државата почнува да пресудува за случаи кои се на емоционалното, односно субјективното, тоа е тоталитаристичка држава. Прочитај ја легендарната книга 1984... Тоа што сакаа нацистите прекуноќ да го постигнат, сега овие пробуваат преку финти и кампањи се лепо пакување. Целта е државата да има што повеќе моќ да фрла во затвор. Почнува со мобингот и иде даље. Сега во франција донесоа закони дека можеш да идеш во затвор за "емоционална повреда"... значи ако некого погледнеш на криво или користиш чуден тоналитет во гласот. Поентата е да може ПОЛИТИЧАРИТЕ и ДРЖАВАТА да имаат моќ да стават во затвор кого ќе посакаат. Прво ќе ти исперат мозок дека закониве биле за ТВОЕ ДОБРО, демек те штитиме од злобни шефови, а вистинската цел е да политичарите и корпорациите имаат повеќе моќ. Вистинската цел е ПОЛИЦИСКА држава. Не НАСЕДНУВАЈ.
kiko_theman
31.03.2011 16:30:27
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ Ретко кој пријавува мобинг, се научивме на арогантни шефови http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Rabota/retko-koj-prijavuva-mobing-se-nauchivme-na-arogantni-shefovi Go tupite edno pa isto samo razlicni avtori, barem da e nekoj porazlicen pristap, nova informacija, novo istrazuvanje. Vo odnos na temata, problem e sto mobingot tesko se dokazuva i sto poveketo ne se ni svesni deka se zrtvi na mobing
soldier
31.03.2011 16:27:47
Сакаш да кажеш дека нема малтретирање на работници во Македонија и дека нема ѓубриња од „газди“? Тогаш што е со текстилните работнички (ова е само еден добар пример)?
Razno
31.03.2011 16:16:31
Целава финта со "мобинг" е финта смислена од големите корпорации за да уништуваат мали бизнис. Поентата е да можеш ако мала фирма ти станува конкурент, праќаш глумица да се вработи во нивната фирма, да направи сцена, да ја тужи фирмата, и после фирмата да пропадне од висење по судници. Нема што судството да се меша во работите на приватните фирми и да одлучува што бил добар или лош третман. Си постојат закони за физички насилство и за финансиска проневера. Тие се доволно. Не е ова СССР или Источна Германија или кореја па да почне државата да се меша во личното. Ќе седи сега бирократ и ќе одлучува дали некоj "доволно фино" се понашал со тебе. Моментот кога државата т.е судството се меша во субјективното, тогаш настануваат првите чекори према ТОТАЛИТАРИЗАМ и полициска држава.
1 

Фоторепортажа

Видеопотсетник