Финансиски гуру
Пари
Beta
сабота, 19 мај 2012, Година III
Прочитано 9852 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Неработните денови во 2011-та! Уживајте!

Покрај големата невработеност, во Македонија има и вработени и тие заслужуваат одмор како и секој друг. Покрај еден до максимум два неработни дена, можеме да се пофалиме како нација што си слави и си почитува голем број празници и празнични расположенија. Оваа година за неработни ќе ги имаме наредниве денови, па вие можете фино да си ги искомбинирате со викендите и да посетите некоја убава локација и да соберете сила до наредниот неработен ден.
 
• 1 јануари (сабота), Нова година
• 7 јануари (петок), Божиќ
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 1 мај (недела), Ден на трудот
• 24 мај (вторник), „Св. Кирил и Методиј“ - Ден на сесловенските просветители
• 2 август (вторник), Ден на Републиката
• 30 август (вторник) Рамазан-Бајрам, првиот ден на Рамазан-Бајрам
• 8 септември (четврток), Ден на независноста
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание
• 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба
• 8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божиќ
• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици)
• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци
• 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 6 ноември (недела), Курбан-Бајрам, првиот ден на Курбан-Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука
 
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (четврток), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 8 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик
 
Сите наши најинтересни новости во секое време можете да ги следите на нашата фан-страница на „Фејсбук“.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
13%
Страшно
6%
Интригантно
81%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Фоторепортажа

Видеопотсетник