Четириесет и седум милиони денари е највисокото годишно примање од бруто-плата што ја остварил скопјанец за 2009 година. Како што соопштуваат од Управата за јавни приходи, и понатаму највисоките примања по основа на плати и други примања од работен однос се остварени во секторот на здравствени услуги и на фармацевската индустрија, телекомуникациите и банкарското работење.
Интересен е податокот што покажува дека некои граѓани, дополнително од работен однос, остваруваат повисоки приходи отколку нивната плата што достигнуваат и до 84 милиони денари.