Финансиски гуру
Пари
Beta
сабота, 19 мај 2012, Година III
Прочитано 5790 пати 2 коментари
First category (entire audience)

Газда им подарува станови на вработените!

Слободан Јањушевиќ, сопственик на претпријатието „Кирка Сури“, на своите вработени им подели десетина куќи, станови, автомобили, бескаматни кредити... Вели дека попрво би се убил отколку да потроши милион евра на јахта, а претходно да не ги реши проблемите на своите луѓе.
Е тоа е газда – Слободан успеа да создаде фирма во која сите за сè се прашуваат

Слободан Јањушевиќ, директор и сопственик на претпријатието „Кирка Сури“ од белградската населба Крњача, се разликува од останатите, посебно од успешните претприемачи и сопственици на фирми, во тоа што тој не сака да биде задоволен ако тоа задоволство не го делат и неговите вработени. За таа цел, Јањушевиќ на своите вработени им даде 15 бескаматни кредити на 100 години; финансираше купување на плац и изградба на 35 куќи, им купи на вработените повеќе од 10 станови.

Прогноза – кризата допрва следи, но можеме да победиме


Слободан Јањушевиќ има доволно искуство да тврди дека вистинскиот удар од кризата допрва нè очекува, но има доволно верба дека можеме да ја преживееме.

- Вистина е дека Србија е на колена и вистинските неволји се пред нас. Сепак, не треба да се предаваме и да ни слабее духот. Србија има решение со развој на мали и средни претпријатија на кои треба да им се обезбеди максимална и стабилна банкарска поддршка. Државата треба да создаде услови банките да не нè дерат, да ни се обезбедат поволни кредити без лихварски камати и претешки услови. Ако им дадеме свеж воздух на претприемачите, сигурен сум дека Србија брзо ќе процвета. Навистина го ценам и почитувам тоа што го прават Борис Тадиќ и Драган Ѓилас, верувам дека се на добар пат, но прво треба да се справат со натрупаната администрација и со сите облици на корупција. Ако успеат, сигурен сум дека нема да има зима за Србија.

- Мојата фирма е мое семејство. Моите вработени се мои деца. Зар би можел да мислам за многу далеку, за неродени потомци, да натрупувам богатство и несовесно да го расфрлам, а во исто време да гледам како гладуваат нивните деца? Попрво би се убил отколку да кажеме да потрошам милион евра на некоја луксузна јахта, а претходно да не ги решам нивните егзистенцијални проблеми - вели Јањушевиќ.

Јањушевиќ има нешто за што повеќето просечни луѓе може само да сонуваат: своја фабрика, квалитетни производи, освоен пазар, 120 вработени и најмалку 150 соработници. Произведува котли, а неговите производи си најдоа пат до светските пазари. Има семејство, убава куќа, две возрасни ќерки и внуци. Накусо, убав и исполнет живот.
Успеа да направи фирма во која денес секој металски работник или инженер би посакал да работи. Не само заради редовната плата, можностите да си ги решат егзистенцијалните проблеми и некои други поволности, туку и заради меѓучовечките односи. Меѓу работниците не видовме ниедно намуртено лице. Како што се вели, работат со волја и како за себе!

- И работиме за себе! - нè убедува Дубравко Пашиќ, електро-заварувач, кој работи во „Кирка Сури“ уште од основањето. - Меѓу првите добив бесплатен плац во Борча за изградба на куќа и помош при градењето. Најубаво е чувството кога знаете дека не сте сами, дека зад себе имате големо семејство кое никогаш нема да ве остави на цедило. И кога другите така се однесуваат кон вас, не е чудно задоволството што и самите го чувствувате кога имате прилика да помогнете некому.

Неговите колега, заварувачот Дарко Средојевиќ и браварот Јово Ѓуровиќ, тврдат дека Јањушевиќ не е само директор и сопственик, туку пред сè татко што учествува во сите нивни проблеми.


- Мислам дека нема куќа во која не бил Јањушевиќ, нема ни семејство со чии проблеми не е запознат – тврди Средојевиќ. - Од друга страна пак, не е ни чудно што секој го доживува ова претпријатие како свое семејство, па не е потребен дополнителен надзор. Едноставно, сите го познаваме технолошкиот процес на работењето и верувајте дека никогаш нема да дозволиме некој од нас да „забушава“ на работа.

Нашата работа не завршува кога ќе добиеме плата или кога ќе заврши работната смена, туку кога од купувачот ќе добиеме пофалба за тоа што сме го направиле. Дури тогаш знаеме дека сме добри, а добар глас ќе ни обезбеди и работа.

Мецена – на уметниците им има дадено над 300.000 евра


Семејната куќа на Јањушевиќ е близу дворот на фабриката. Ѕидовите на просторниот салон се украсени со слики од наши уметници, книги и цела етнографска збирка. Сè потсетува на тешкиот период од нашата историја, но и на некогашното село, на нашите предци, нивниот живот и работа.

- Многу го почитувам нашето село и нашите селанци - ни објаснува домаќинот. - Секое селско домаќинство имало неколку фабрики во својот состав, сами произведувале прехранбени, текстилни, метални производи и уште какви не производи. Требало да се преживее неколку вековно ропство под Турците, да останат нормални и да ја одржат и продолжат својата лоза. Не верувам дека ќе успееле во тоа ако во своите домови не ја негувале културата и уметноста, па така со тамбури, народни приказни и записи го зачувале својот идентитет и своите корени.
Во овој став се одразува и наклонетоста на Јањушевиќ кон уметниците, сликарите, писателите и другите културни творци. Не знае точно, но мисли дека со разни спонзорства, донации и други видови помош досега има дадено над 300.000 евра.

Јањушевиќ се труди да им излезе во пресрет на вработените, да им помогне, да ги сослуша, а сето тоа му се враќа многукратно: неговата фирма е една од ретките фирми што не ја почувствуваа економската криза! Секој кој ги споделува неговите идеи, што сака да работи, може да смета на тоа дека тука ќе ги реши своите животни проблеми. Но, споделување на исти идеи и само климање со глава не проаѓа тука.

- Претпријатието „Кирка Сури“ не настана со приватизација, евтино купување на некоја распадната фабрика – објаснува Јањушевиќ. - Настана како резултат на макотрпен труд и јасна визија која и денес ја претставува основата на работната филозофија на „Сури методот“ кој може да се дефинира со три едноставни правила: сослушај ги сите, добро подготви ја работата и мери трипати пред да почнеш да сечеш!

Сечие мислење, почнувајќи од хигиеничарот па до раководителот на производство, не само што е дозволиво туку и пожелно. А резултатот е и во тоа што да кажеме дека експертите од ова претпријатие за 8.000 евра направиле машина за виткање цевки што во Германија може да се набави за 250.000 евра.

Треба ли да се дополни дека таа машина во пракса се покажала многу поефикасна и подобра од странската машина? Слично е и со готовите производи коишто странците прво ги гледаат со сомнеж, а потоа ги фалат.

Јањушевиќ своето практично знаење го стекнал во „Минел-Котлоградњи“ каде двапати бил прогласен за најдобар патент-инеженер во поранешна Југославија. Во 1986 година, кога работниците го одбрале за генерален директор без ниеден глас против, долго време се спротивставувал. Не се грижел за тоа дека фирмата била потоната во долгови, туку за тоа дали ќе бидат прифатени неговите идеи. За среќа, го подржале и три години подоцна ова претпријатие прераснало во едно од најуспешните претпријатија во својата област. Доволна причина во целата приказна да се вмешаат и политичарите.

- Ме обвинуваа дека се однесувам како голем газда, а што тоа значеше во пракса. Не сакав да се расправам и да се објаснувам, ја напуштив фирмата и се вработив на Машинскиот факултет како обичен бравар! - раскажува нашиот соговорник.

Не го доживеал новото работно место како деградација. Напротив. За година дена направил толку многу патенти што многу брзо бил во можност да основа сопствена фирма.

Чудо во Крњача – Погоните не се „нашминкани“ и сите работат со полна пареа, а куќата на газдата е во близина на фабриката


- Многу од моите пронајдоци брзо си најдоа своја примена во конкретно производство, а остварената заработувачка од нив, во тоа време 80.000 марки беше доволна да започнам во Крњача да го реализирам мојот сон. Уште тогаш, на почетокот на деведесеттите, требаше чудо за деловен успех, па тука се крие и тајната на името на мојата фирма. Кирка е грчка божица на магијата, а мене навистина ми требаше магија за да успеам. Времето си покажа дека успеав.

Околу фабриката, па и во самиот погон нема премногу гламур. Нема фонтани и мермер, во некои простории нема дури ни малтер на ѕидовите...
- Оставете ја шминката – одмавна со рака браварот Зоран Оклевски. - Важно имаме со што да работиме и за кого. Внатре ни е топло, а ќе има време и за преуредување. Важно ми е што неодамна сите се заангажираа кога ми се разболи синот, газдата веднаш обезбеди сè што беше потребно за лекување.

Славиша Миљковиќ, раководител на производство, тврди дека продуктивноста на вработените е на исклучително високо ниво и вели дека е среќен што не мора никого да тера да работи.

- Вистина е дека сме едно големо семејство, ама во семејството нема попуштање – вели Миљковиќ. - Секој мора да биде сослушан, ниеден предлог не се отфрла лесно, но кога за нешто ќе пресечеме, кога ќе се договориме за нешто, нема понатаму импровизација и отстапки. Секој се труди на најдобар можен начин да си ја заврши својата работа.

Шефот не ни дели само куќи и станови, туку и автомобили. Дури четвртина од вработените, околу триесетина вработени, возат службени возила.
- Да се разбереме: ниту чавките ми го испиле мозокот, ниту имам пари за расфрлање - објаснува Јањушевиќ. - Едноставно, важна ми е продуктивноста, искреноста и довербата, без тоа нема резултати. Задоволниот човек работи подобро, вложува повеќе труд, не отсуствува и дава сè од себе.

Ако со тоа дојде побрзо на работа и ако со тоа е подготвен за работење се разбира дека ќе му обезбедам возило. Од друга страна пак, колку и да се важни парите, мене никогаш не ми биле на прво место. Тешко на оној на којшто парите му се единствената цел во животот.
 
Преземено од вработување.ком

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
0%
Страшно
0%
Интригантно
100%
Брилијантно
0%
Нервира
Kapital Marketinska konferencija
bikica
04.02.2011 20:33:13
2
dobar nacin??? pa ova go nema nikade,alal da mu e,bravo
milanajmila
04.02.2011 16:44:50
2
Dobar nacin da se motiviraat rabotnicite i da vlozat 100 % vo rabotata :)
1 

Фоторепортажа

Видеопотсетник