Иран вчера им постави услови за извоз на нафта на европските земји, откако на почетокот од оваа недела им ја запре испораката на нафта на Велика Британија и Франција. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Рамин Мехманпораст, изјави дека Иран бара гаранција за плаќањето, долгорочни договори и забрана за еднострано откажување од договорот на купувачите. Тој додаде дека сè тоа треба да се земе предвид ако Европа сака да го продолжи трговскиот и енергетскиот однос со Иран.
Иран завчера соопшти дека размислува за проширување на нафтеното ембарго и кај другите европски земји. Прекинот на испораката на нафта на Британија и Франција следеше како реакција на ембаргото на ЕУ на иранската нафта, што стапува на сила на први јули, поради контроверзната нуклеарна програма на Техеран.
Повеќе содржини од „Многу Пари“ од денеска - ТУКА.