Политичката и економската состојба во Македонија не би се подобриле ниту да останела да постои Сојузната Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Со распадот на СФРЈ, од сите некогашни членки на оваа федерација, најоштетена излезе Хрватска, а најмалку Словенија и
Македонија, тврди српскиот економист Мирослав Здравковиќ. Според него, со распадот на некогашната најмоќна сила во Европа, Србија изгуби неверојатни 400 милијарди евра, Босна и Херцеговина 150,1 милијарди евра, Македонија 20,8 милиjарди, додека Словенија 10,4 милијарди евра.
„Македонија, по Словенија, плати најмала цена од излезот од заедничката држава. Повеќето податоци покажуваат дека во Македонија не би било подобро ниту да останела во Федерацијата“, истакнува Здравковиќ.
Според него, поради војната во Босна и Херцеговина, заедно и Србија, на овие две држави најмногу им одговарало опстанок на федерацијата на долг рок. Тој тврди дека доколку не се распаднела Југославија, денес граѓаните на поранешните држави-членки на федерацијата би имале значително повисоки плати, би постоел помал број невработени, поголемо ниво на производство, извоз и пораст на бруто-домашниот производ.
Балканските економисти се согласни дека доколку СФРЈ не се распаднела пред 20 години, денес би живееле во Југославија што одамна би била членка на Европската унија и НАТО, а стандардот би ни бил значително подобар, со просечна плата од дури 740 евра. Денес, екс-ју државите би биле многу поразвиени од презадолжената Грција и би биле пример за многу развиени држави, како на пример Австрија, наведува белградската телевизија „Б92“.
Повеќе содржини од „Многу Пари“ од денеска - ТУКА.