Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје

Во состав на Универзитетот егзистираат и функционираат Факултетот за туризам, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Економскиот факултет, Факултетот за односи со јавноста и Факултетот за спортски туризам. Наставата на факултетите се реализира според принципите на Болоњската декларација со експлицитна примена на методологијата на европскиот кредит трансфер-систем поддржана со компјутерски софтвер што е во функција на ефикасна и ефективна комуникација на стејкхолдерите, достапност до информациите и објективност во мерењето на квалитетот на наставниот процес и излезните решенија. Мултидисциплинарниот приод на наставниот процес oвозможува стекнување на теориски знаења што се вреднуваат преку задолжителното реализирање на практична настава во реномирани институции во земјава и странство. По завршувањето на студиите, студентите се оспособени за конкурентност на пазарот на трудот.

 


contact@utms.edu.mk
Kapital Marketinska konferencija